Остај се, бре чедо, од лошиот ајљазлак што си го фатил; остај се од тие лоши другари што не се домаќинска челад; тие те лажат, бре синче, да арчиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— Па овој готов, зошто да арчам куршумот, бре коџабаши? — се провикна Суло, ја наметна пушката преку рамо, и дигна еден камен од дваесет триесет оки, та му го фрли на главата на момчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Никако не му даваше рака на дуовникот за да го носи Силјана со себе на Божи гроб, чунки сакаше да арчи пари за него повеќе отколку што му чинеше ругата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)