И зошто не може да запамти што сон сони, што сон ја мори и чувствува дека паѓа врз белите веленциња и дека некој ја вика, ја тресе, ја буди, превртува и собува....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде
на волшебно одгледување растенија
гледаше во нив имаме ли иднина или не
моите невени развија раскошно
и сега ми се пред очи отворени како мугри
ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато
со твојата судбина, рече таа
на мама ѝ се врати надежта
и се насмеа за сите
тато се разбуди од сон што не ни го раскажа
и појде на извор
јас не верував во ништо иако и денес
се вознемирувам од помислата на неа
барем ноќта да не ја испуштам
денот изгледа не е доволен
да се стигне на правото место
реков и почувствував
- имам работа со симболи
од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен
ако не се исплашам нема да запамтам
што се случило
стравот е време
додека се думам во мракот
- останало ли нешто од мене
мрда под прстите
надигнат и препороден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако не можеш да запамтиш, тогаш ќе се најдеш во колоната и тоа пред неа!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)