Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Молчаливо, како да им стана навика, чекаат да згасне денот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Луѓето беа собрани околу него, огнот што веќе не можеше да згасне, зашто беше добро потпалуван уште од самиот почеток.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Да згасне како Петрониј под звуците на цитра и пеењето на робинката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Со тешкиве весла, - се соголија до самите катници зелените заби. – Ако ви е помило, тоа можеме да го сториме и со топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Под негова дланка планина ќе спласне, со плуканка може и вулкан да згасне.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ќе замали огнот, а ние ќе ги пособереме гламните, не го оставаме да згасне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И бргу - бргу се враќала во домата - да не би огнот да згасне.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Огнот не смее да згасне! - Никогаш не смее да згасне... така нарачала Ѕвезда наша.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кога се вративме дома татко ми остана долго да чита во ноќта. Никако да згасне жолтата ламба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)