А тоа „распрашан" значеше да изеде сто оки ќотек.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Да знаеш, без лажна скромност, слатково ти е правено човек одеднаш да изеде цела тегла.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Да“ рече неволно, кисело Пелазгиј, а устата му се собра како да изел цела дланка дренки.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можев да изедам колку што сакав. Тоа и го сторив. До врвот на ридот стасав сит.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во неделите наутро одел в црква и слушал нејасни попски песни а попладне спиел со некоја вдовица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш Илчо Просинек бил малку поголем од мене и можел да изеде за вечера недопечен брав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Салама не ти купив, уште е топло - да не ти се расипе.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Еве, и јајцата се варени; две ќе ти се доста. И пиперка, и два патлиџана и парче сирење.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ама сѐ да изедеш, ништо да не вратиш дома.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И така замешај го, размеси го, направи неколку лепчиња. Па остави ги, отскриени, за да се потсушат. Да не можеш многу да изедеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)