— Да може да касне и спаијата, оти како шо гледате, човекот и без заби е.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, дај, вади некој залаг лебец, ако донесе, да каснеме, та да го правиме планот за ноќеска.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но, и Ружа знаеше кога да касне, а кога да се повлече.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Има ли барем нешто да каснам? - Има!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Сакаш нешто да каснеш? – ми вели. Не знам зошто тоа прашање ме израдува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ги поткреваше бузите, тенки и остри, едната нагоре, другата надолу, и ги покажуваше забите како куче готово да касне.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Запалија борина колку да каснат, штрбнаа од чаденото месо за продавање, пивнаа од студеното винце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
МАРА: И, како било, да ти дадеме. Досега пиеја маживе пак рекоа да го фрлам, да побрзаат да каснат пак да излегуваме. Кате, донеси го пагурчето!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А гледам и софра ставате, да ни се отвори иштав да каснеме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Ама време, ама ден! - рече. - Одиме нешто да каснеме, нѐ чека работа!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А сега да одиме да си ги видиме децата и да каснеме некое компирче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А- А сега да каснеме малку па да си прилегнеме. Ако не ти се спие, ќе си прикажуваме. Уште не сум ти рекол сѐ за Волчарот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Затоа премолче. Слушна дека мајка им отсечно рече: - Ајде деца, донесете нешто да каснеме.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Да се одмориме малку и да каснеме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да каснеме нешто? - Попосле. Имаш урда? - Жими тоа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но денот се издолжи, јас, берејќи дрва се изморив и прегладнев, а немав што да каснам.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На изгладнетите не им дошло до срамови ами сакаат да ја отворат черупката за да каснат нешто.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Јас токму зедов нешто да каснам додека ти да дојдеш.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Бакрданик со козја маст, вели, мртва уста ќе зине да касне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)