Кога типот почна сѐ подлабоко да навлегува во филмот да биде менаџер, да прави модни ревии, ми стана јасно дека се ближи нашиот крај.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Требаше да навлезе во неа заклонет зад едно стебло, порастено на самиот раб.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега знаеше дека, заедно со него, заоден по неговата дира, и тој мршар, и тој негов волк, преку целиот ден, всушност продолжуваше само да се крие, да се засолнува од сите други волци, а дека тоа можеше да се прави најдобро само во неговата близина, во која другите не се ни обидуваа да навлезат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
После се развидуваше, а тие тројца, пред да навлезат во шумата, се обѕрнаа уште еднаш да го видат селото и не видоа ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не престанував да си го поставувам прашањето зошто Елен Лејбовиц не престануваше да ми пишува, да навлегува сѐ подлабоко во тајните на моето семејство предадено низ литературна транспозиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Имав чувство дека пишував само за него, да го добијам неговиот благослов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во предигра од обмислена бајка, Сакам да навлезам во сплет од твојата креативност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Мајка ми свето се грижеше за неговите книги, но никогаш не сакаше да навлезе во нивните светови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако ја сослуша ваквата определба, Акакиј Акакиевич тажно се одвлечка до својата соба, и како ја минал таму ноќта, му оставаме да пресуди на оној што макар малку може да навлезе во положбата на друг.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)