А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Матерката ми е празна. И да можам да наполнам, не држи сега вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со кредитни јамки во неколку банки македонски маки, живот африкански од денес за утре, од утре до вечност косата белее од премногу чесност Платата доцни, денови грозни да наполниш туѓи паркови возни за дворови нечии да оставиш коски за газдите сурови, безмилосни, прости Жената бесна, нема за фризер притисок качен, желудник гризе живот на рати во џебот суша сметки за струја тежат на душа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Отидов во Битола. Ама желба ќе рече некој! Ама патување! Во Битола! И тоа ми било нешто! Ќе рече, но ќе згреши.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ВО БИТОЛА СО ВРЕМЕПЛОВ Дури некаде во октомври, еден месец пред да наполнам единаесет години, конечно доживеав и мене да ми се оствари една од моите патувачки желби.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И кога невестата, по обичајот, тргна со стомните на чешмата на средсело да наполни вода, жена му на Китан фучеше со кошулата одејќи пред невестата, ја мавташе по сокаците за да ја видат сите селани и викаше: - Гледате ли... Гледате ли... Како јагне да е заклано...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сакам сѐ да наполниш со вода, велам, и грнци и котли и ѓумови и леѓени. Жената пак носи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сите имаа дарови за неа и цвеќиња доволни да наполнат една цвеќарница.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)