Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Немојте да се смеете. Ова е како кај Мопасан. Тој сака да насмее а расплакува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)