Две години подоцна, Артур Блис Лејн, амбасадор во Југославија (1937-1941), ги посочил германските намери да го прошири незадоволството во Македонија и предупредил дека комунистите исто така шират пропаганда и се обидуваат да го одржат „котелот на проблеми да врие“ колку што е можно повеќе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Само во тој период Стејт департментот, поттикнат од претседателот Рузвелт, започнал да обрнува поголем интерес кон Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)