Баба му Депа излегуваше во дворот, ја вадеше шамијата од главата и се молеше: „Господе, името твое му го дадовме за да ни го чуваш... Помогни му сега да оздрави...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да легнеш врз да ти легне овој сач на брег да легнеш да оздраве оваа лутина до разголени меса и очи дождови престорени.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Проѕирната стија, конечно, го има во својата уста, и јас ќе го однесам кај оној што го бара и го нарача2, за да прогледне, да оздраве, да се успокои, за да ѝ исчезне и омразата кон тупотот во твоите гради - изворот на нејзината несреќа“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За да се искупиме од борчот, за да му помогне свети Наум да оздрави, ви го подарувам јунецов...“ го бацува во челото како синот да си го бацува и му го подава на калуѓерот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А мајка ми, она прекрасно претпладне на Прочка го беше исполнила со толку весела раздвиженост и со толкава радост... иако таквото нејзино однесување било изнудено, водено од желбата да оздрави.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мораме некого да боцнеме за да оздравиш ти, Зоки. - Морате? - Мораме.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
За Мечето знам дека ќе пие, тоа сака да оздрави, но ти ќе пиеш ли? Зоки размислува. - Инаку не ти го давам!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Стариот чичко доктор рече дека ќе мора да остане в постела, ако сака побрзо да оздрави.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)