Мислев, Долнец е негово родно место, и негов подвиг е тамошната голема брана со езерото, па таму треба и да почива.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тонеа длабоко над колениците во мекиот јужен снег ниеднаш не застануваа да почиваат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Застануваше да почива на секои десетина чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги распоредија по куќи и им рекоа да почиваат до квечерина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Предлагам да почиваме... Тоа беше оној кусиот одзади. Застануваа, само внимателно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)