да (сврз.) - преживее (гл.)

Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еден мој познаник се разболе од тешка болест. Сакам да преживеам, рече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Во право сте - велам, потсетувајќи се на својата одлука да преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во центарот на виличестото лице имаше еден мал глужд, сосема мала брадавица, со две дупчиња на неа, кои длабоко и напорно дишеа за да го напумпаат кислородот потребен за да преживее организмот што беше обвиен со сало.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ете тоа го видов, најискрената вистина за светот со очите на ѓаволот ја видов и узнав: ни Соломон не бил сочинител на словото што му се препишува, туку незнаен некој поет, кој за грст златници мудроста своја му ја продал, чашата своја, за да преживее!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Светот навистина изобилува“, објасни тој, „а сите потфати се состојат во сосекувањето на тоа изобилство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најпрво, перцептивниот систем го сосекува ова изобилство, или не ќе можеме да преживееме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
; да не го родиш ако главчето почнало да ѕирка; два дена да не ги миеш садовите, демек за домашните да се свестат; да не офнеш кога некој силно ќе те штипне; да не ти е мило кога некој те фали; да не тргнеш влакно од нечија храна; да не помислиш "у курац" кога ќе видиш некролог од дете. да го издржиш она што не можеш да го промениш и, за да преживееш, да го препознаеш она што можеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе ако се случи некое чудо па да преживее, ама тогаш тоа ќе биде ужасна слика. За изложба, Аритоне Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа не се случи, делумно поради осиромашувањето предизвикано од долгата серија војни и револуции, делумно затоа што научниот и техничкиот напредок зависат од емпирискиот начин на размислување, кој не можеше да преживее во едно строго устроено општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
У оваа држава дури ни познатиот киселоводски стритер нема инфраструктура за да преживее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нема да умрат од тага, душите не им се изградени од стаклени ѕидови лесно кршливи, сѐ уште дишат длабоко и се чувствуваат поживо од кога и да е, тие се сведоци на времето, мора да преживеат за да раскажуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние да преживееме, после сѐ нека си ја ебе мајката. Е па сега за тоа мора и по некој седатив.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Само бандите, гангстерите, мафиите, посветените или перверзни друштва и некои соучесништва можат да преживеат, но не и паровите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кому му е грижа опстанокот на планетата Земја. Профитот треба да преживее.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некоја жила уште му работеше и се надевавме дека ќе може да преживее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па, знаеш ли ти колку убави работи те чекаат да преживееш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Цело време гласно си размислував дека мене не ми е доволен само факултетот за да преживеам во некоја толку мала и затворена средина, за да бидам среќна и исполнета индивидуа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Белото тажно молчеше и собираше животни сокови да преживее до идната пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)