Бре да мрдне, да влезе во портата. Никако да пречекори.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, за да ја продолжи играта, филологот беше принуден да пречекори некои ограничувања поставени од неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ми беше суво и стегнато, како да имав проголтано нешто големо и тврдо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не можев ни да пречекорам, а од грлото никаков звук не ми излегуваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И не можеш да пречекориш од бубачки, од разни гадинки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)