Да престане, да снема тагата голема за голиот живот на човек станал - скот.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
- Што да снема? - праша Аргир. - Козите, глупчо.. - Козите ли? Зар има толку будалаци људје шо се против козите? Има ли, а?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако се случеше да снема струја, а тој да може да го отстрани дефектот, го отстрануваше. Ако не, се јавуваше во Б.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)