„Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа додуша беа нејзините почетнички раскази - еден ден ја напиша првата реченица, во македонска поддршка и со единечен проред, зборовите се протегнаа, направија утринска гимнастика, и оттогаш не можеа да сопрат.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Јас не можев да сопрам од плачење. Немаше поп, а ни крст.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)