да (сврз.) - стаса (гл.)

Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Попставревци - коњи не ги стасува: ете, и Робе им направи чест. Сега уште зетот со сватовите да стаса...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не се задржа во гратчето ни да се види со своите ни да се распраша за патот, уверен дека некако ќе ја искачи угорницата и ќе го дотурка карванот до манастирот; се силеше само денски да стаса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Чудно ми е Гавруше, ти прв да стасаш и да ми ги спасиш децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата со нејака трева се длапчела под нив, подвижните пирамиди на огновите околу кои лежеле ги извивале своите знаменца и ги грееле, и секое нивно влакненце се враќало на своето место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролетта довејувала далечен мирис на живот од пасишта, жолтавките не биле далеку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека нема да стасаме до таму, нема да чекаме толку... Бригадирон Језекил, мислеше сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој мораше да стаса горе, во онаа топла шумурина на три метра над земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Инаку можеше да ги фати ноќ, пред да стасаат во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше лесно да се чекори по него, а тоа сега му беше неминовно, ако сакаше побргу да стаса.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш за аргатлукот не им плаќале со пари туку со пченка, за со почетокот на зимата да стаса лепчето за преживување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвај успеа да исплива и на коленици да стаса до брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Збиваат и се демнат, никако да стасаат еден до друг. Под нив е кал и неродна мртвица, плазика во која ни мравка не живее, над нив се протега глува ноќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бран не може да стаса друг бран. Еден живот не може да стаса друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Безумник, брза, трча, вјаса, цел свет со невидена брзина го помина , до тебе да стаса.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Проучувајќи ги луѓето, го констатира следното: оние луѓе што прават долги чекори - се сигурни во себе, цврсти, решителни, енергични; таа сигурност им дава полетност, ги тера бргу да одат, да го грабат патот, да го освојат просторот, да стасаат што побргу до целта каде што тргнале;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Си се преврза Дочка со тулбенот, ја омолкна метлата, ги измете сите мутли до каде што можеше да стаса, фрли шутки, паници, опурчаци и други непотребни работи што стоеја таму со години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш нивните сни стануваат исчашени сни А јавето е на ачик особено ако таквите не успеат Навреме да стасаат до првиот клозет.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таа молчејќи, подбегнуваше да стаса што побргу дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вселенскиот брод би можел да стаса и да нѐ спаси.” „Да, утре, утре, утре, утре, утре.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа мрмореше, негодувајќи половина час и тој не можеше да стаса да изусти ниту збор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
СУЛТАНА: Не колку се може туку колку треба. Ако си тргнал треба да стасаш. ЕВТО: Со него не стасувам никаде.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И сонцето што е сонце, па не може сегде да стаса да огрее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)