(Таа, на пр., еднаш влезе во самопослуга, зема извесен број работи, се обиде да излезе со нив без да плати, беше запрена, и кога ѝ беше наброено сѐ што украла, ја врати секоја наброена работа, излезе, помина од другата страна на улицата, седна на тротоарот и изеде полна тегла путер од кикирики што помина покрај помошникот во самопослугата).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа му вети на својот иден маж дека никогаш повеќе нема ништо да украде.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во еден момент за време на предавањето, кога погледот на предавачот застана на девојката со израз на препознавање, таа ја отвори бундата под која беше гола разголена. 19.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Што можам да украдам, вели, кога не сум била таму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стоеше, сѐ уште свртена кон него, обидувајќи се за сето време на тоа земање мегдан на двајцата да украде некој миг и да се полиже по левиот заден колк, а притоа не испуштајќи го ниеднаш од погледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Таму немој да се решиш да украдеш ни самтинг мало.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ќе може ли месечината, да се скрие зад темните облаци? за да украдам парче среќа од небото?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога немаше што да украде, си ја крадеше десната рака со левата. Или капата своја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)