да (сврз.) - употреби (гл.)

И стражарите исто така се однесуваа спрема криминалците со извесна воздржаност, дури и кога мораа да употребат сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потребна беше исто така и извесна атлетичност на умот, способност во еден момент да употребиш најделикатна логика, а во наредниот да бидеш несвесен за најгрубите логички грешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија, меѓутоа, како да не беше во состојба да ја спомене Партијата, и особено Внатрешната партија, без да употреби некој од оние зборови што се среќаваат испишани со креда по клозетите. Не му пречеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеја дека војниците сепак ги сфаќаат и после сето познанство незгодно им е да употребат сила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе мора да употреби повеќе дрвена граѓа отколку што беше предвидено во спецификацијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Има жичка на политичар, знае да ги дефинира потребите и сфаќањата на масите, каде да употреби силен збор за да остави впечаток... перверзно курвиче...хи хи хи. Полковничка ќерка, нема што...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се жалеле дека вратите на Организацијата биле затворени за луѓето на Братството, дека биле прогонувани од Организацијата и заплашувале дека, ако ваквата ситуација продолжи, луѓето од Братството ќе бидат принудени да употребат сила против Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)