Но тоа не му пречеше на отец Арсенија да управува со таков голем чифлиг, та и Стале не се беспокоеше и не гледаше некој недостаток во тоа што не е писмен.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го познаваа под името Константин Анастазис, учен патрициј пратен од престолнината да управува со нашата провинција.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Зашто сите не можат да управуваат!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јас многу често се обидувам, седнат на килимот од Миру, тоа да го сторам и, те молам немој да ми се потсмеваш, мислам дека ми успева.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нашите легенди говорат за летачки килими со кои можат да управуваат само луѓето што умеат да летаат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Младиот човек кој таа година ја доби честа да управува со бродот, сѐ уште веруваше во Обновата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Мис Стон го прочитала тој расказ во некој од весниците што ги носела со себе, и бидејќи очигледно била збунета или изненадена од верувањето на Јапонците дека со душата можат да упрауваат и некои други сили покрај Спасителот , побарала и негово мислење по ова прашање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Праќаше абери да се сретне со познатите на кои можеше да им верува, го побара и Каламатија кај кого беше останала благајната со народните пари со кои беше и тој задолжен, но набрзо сфати дека многу работи се измениле додека беше отсутен па речиси неволно заклучи дека за жал нивната Организација потсетува на откачена карпа што се тркала од Исарот и никој веќе не може ниту да ја запре ниту да управува со нејзиното паѓање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ги отфрли нагоре рацете за да оркестрира, да управува, да се размавне.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)