Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Шумата е таква: и да шепотиш, ќе ти се оѕвие.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вистина тоа не е тактички, но така ни е полесно да шепотиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Што е верата?“ велеше задишано дубровчанецот, и шепотејќи, како да шепоти нешто што подобро и господ да не го чуе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)