Ова е да штукнеш од умот. Испаѓа како јас претседател, а не Сатирот мене. Ама секогаш ебаниот е ебан.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
18. КАКО КОСТЕН ВО ПУЗА ОД МАКА ЌЕ ПУКНЕ - но ако е тој некаков таков костен шуплив би ја пафнал маката со пепелта да штукне и на жар печејќи се ќе фати кори дупли... лисицата и в стапица пак кокошка гледа!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)