Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Никој не веруваше оти Трајко Кацарот можеше да јава на мртво јаре натоварен со живо магаре на совеста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Глигор беше останат последен и беше ја ставил ногата на узенгијата, да се качи на коњот што требаше Анѓеле да јава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Потоа тој се качи и ми рече дека можам да јавам зад него.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
ВАЈ! - „Вај!“, му се жалел Анжеј Вајда на некој вајар: „не знам да јавам!“ „Е па, тогаш никакво фајде од тебе!“, му рекол вајарот на А. Вајда. (Оскар Вајлд си седел на страна и се смеел)
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Врнало па и преврнало. Огреало потоа сонце, па ги симнале пријателите наметките и продолжиле да јаваат понатаму.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Вистината вели: Човекот ја јавна Расната кобила со единствена намера Да ја совлада бескрајната рамница! (А човекот не може да јава без да сонува)!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сонцето изгреваше. – Сега ми е мене ред да јавам, – реков јас. Братучед ми Мурад слезе од коњот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Второ, бевме сиромашни.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Удрив по мускулите на коњот. Наеднаш тој пак се исправи и фркна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Наеднаш ми светна дека тој повеќе време јава наутро и ова утро дошол по мене само затоа што знае колку сакам да јавам. – Кој рече нешто за крадење на некаков коњ? – праша тој.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Слези. – Во ред, – реков јас, – но запамти дека мораш да ме оставиш да се обидам да јавам сам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја протегнав главата низ прозорецот и ги протрив очите. – Да, – рече тој на ерменски. – Ова е коњ. Не сонуваш. Побрзај, ако сакаш да јаваш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)