Во времето кога на Татко му беше најтешко во животот, ја наследи од татка си навиката да доаѓа крај Езерото од овој предел на најбујниот извор, од каде се претпоставуваше дека започнува патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Смрт“ и „дете“; некогаш одамна, кога тие два збора се изговараа блиску еден до друг, чувствував како нешто ми ја прободува утробата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оттогаш таа велела дека започнува вистинското време на нејзиното верување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Помислив дека започнува да се одвива варијантата на негативното сценарио на моето враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше јасно дека започнуваше да се остварува невидливата, но најавувана и во поединости организирана реализација на казната, против моето однесување, моите зборови изречени во Атеистичкиот музеј и во двете кафеани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Штом слушна дека започнуваме разговор за Софи, рече: “Нема поголема несреќа од тоа да се надживее сопственото дете.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Токму од местото каде се претпоставуваше дека започнува големиот пат на балканските јагули.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)