Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Не забележуваш, дури и она што го знаеме тој го обвиткува во магла“ рече, а откако изгледа се исплаши дека кажала и премногу сепак замолча.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Идиот. Требаше да кажеш дека е к`хо, - рече ефрејтерот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)