Пеперугата Каја оддалеку почувствува дека наближува кон прекрасната градина.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Изгледаше како да поседуваат некој инстинкт кој ги предупредуваше неколку секунди порано дека наближува ракета, иако ракетите патуваа наводно побрзо од звукот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И бев речиси сигурен дека тој момент ќе биде означен со силен блесок и јас со љубопитство очекував молскавицата да го објави тој момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За миг, им се оттргна на безизлезните размислувања, кога на часовникот забележа дека наближува времето на закажената средба во Судот, со другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не ги гледаше, но по засиленото лаење знаеше дека наближуваат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствуваше дека наближува крајот на фарсата, ама епилогот малку се одолжи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)