Чувствувајќи дека остава зад себе нешто недоизјаснето, појде подгрбавен по камењата занесено слушајќи го бучењето на водата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш сметав дека станува збор за екстаза во која највидно место заземаше токму страста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така се покажа дека Марин Крусиќ не е неблагодарен за пречекот и дека остава повеќе одошто се очекувало од него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Многу пати кога ќе се приближеа до моето уво нејзините усни за да ми шепнат некоја тајна, со нејзиниот извезен шепот наидуваше и гризот за кого помислував дека остава и трага.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оние што не го познаваа доволно велеа дека остава впечаток на одлучен човек, но оној што го познаваше подобро, забележуваше кај него нешто здржано, тоест како нешто да му тежи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)