Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Истрча надвор и комшиите и кажаа дека отишла кај Шерда.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се разбира дека отишол, си рече Ване.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои рекоа дека отишле во Софија, други дека Јован ги испратил таму некаде, во Европа, кај свои пријатели.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби Денко Самоников и Стариот писател помислиле дека отидов по Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никој не се возбуди ни кога Видин Вејката рече: „Оваа планина наша целата, колкава е, на сон ми се виде како бран вода од што се исплашив дека отидов по врагот заедно со целото село, препалено се разбудив. Скокнав во сонот...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Само, како да направи да си отидат луѓето а пак да не изгледа како тој да ги набркал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но јас се одлучив за вратата. Како крадец истрчав во дворот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)