Таа го покажува и начинот на кој Џоан Крафорд ја прикажува Милдред Пирс како изведба, во смисла на тоа дека открива колку и самата Крафорд, далеку од маченичка поради својата беспомошна, самопожртвувана посветеност на ќерка си, всушност, во Милдред Пирс дивно лажирала.310 Штом камерите ќе престанеле да снимаат, Крафорд – а не ќерка ѝ – била таа што, всушност, ги влечела конците.
За Џоан Крафорд, излегува, долгото мачно мајчинство не било абјектна несебичност, како што укажува Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако ништо друго, Најмила мамичке барем сведочи за пресудната улога на изведбениот елемент во создавањето на особеното задоволство на мелодрамата.
Сцената со генерацискиот судир во Најмила мамичке не ја турка само до крајни граници театралната екстравагантност и бунилната претераност на глетката на поштукнатата мајка во Милдред Пирс, нудејќи ни кампско задоволство на преувеличена изведба изведена заради изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)