дека (сврз.) - очекува (гл.)

Постојано ме малтретираа дека очекуваат од негде да се појави и третиот зет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но кога го погледнав в очи ми се причини дека очекува поодреден одговор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имав впечаток дека очекува некој да му се спротивстави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не рече Тодора дека очекува од попот да биде кодош и да го поткаже Петрета на светите отци во манастирот Свети Ѓоргија - Горг, па да ѝ го тргнат пред очи тој неранимајко што знае само деца да прави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)