Знам само дека ме биеше со своите влакнести раце, додека не го отепа Бога во мене; ме изведе Луција; се сеќавам дека пијаниот Земанек ме бакнуваше во образот, дека плачеше и постојано велеше: „Ти си ми брат, без разлика на сѐ, ти си ми брат; за тебе, ако треба ќе ја преместам целата вселена подалеку од Партијата“; се сеќавам и дека побарав да ме одведат до циркусот; и, ако сетилата не ме лажат, Земанек и Луција ме одведоа до циркусот, пред портата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)