дека (сврз.) - почнува (гл.)

Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јаков не одговори.  Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија.  Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Впечатокот што мора да ѝ го оставил го измачуваше со денови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што ги цедеше од нив излегуваше матна вода при што таа цимолеше со искривена уста. Видов дека почнува да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)