Се чинеше дека страда, но во него болката беше мртва.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Меѓутоа, доктор Миха беше не само по изречениот туку и по напишаниот збор - не беше само мераклија за муабети, за разговори во кои тој зборуваше повеќе од секој свој соговорник, заради што неговите колеги од работа злобно го озборуваа дека страда од логореја; не само да чита, од дневни и неделни весници преку стручни списанија до најнова убава литература, туку и да пишува (сѐ и сешто, ќе видиме што?), поради што скрупулозните критизери го нарекуваа скрибоман.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги слушам и знам дека страдаат од амнезија... дементни, одвратни старци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Значи, тој беше го открил. Знаеше дека страда. Уште повеќе знаеше дека тоа страдање ќе го доведе до луди потфати.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Знаев дека страда, но не можев ништо да сторам.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога навечер шеташе по пустите улици, ги броеше светилките и тоа беше сè, или си ја гледаше својата сенка, го слушаше тупотот на своите чекори, се задржуваше пред парковите, вилите и ги гледаше чемпресите, затворени во себе и молчаливи, каков што беше и тој, чемпресите помрачни и од самата ноќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)