Многу интересен е податокот дека сето тоа било многу добро смислено.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секако дека сето ова е едно шегобиство како што е шегобиство мојот целокупен посмртен живот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Уште еднаш го замолив да не се сомнева дека сето ова со водоводот е оправдано и благородно, дека јас морам тоа да го сторам со негова поддршка, дека морам да се вратам со ферман в раце, така реков, со ферман.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го впери револверот во Пол и го повлече орозот* - и ништо не се случи. (“Гледаш, помислив, сепак тој само се шегува”) Тогаш го впери револверот во плафонот, повлече и револверот пукна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш типот рече дека некој му должел 500 долари и му рекол да дојде во Фектори за тие пари да ги собере од нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уметникот во новата, комуникациска ера веќе не си е, како некогаш, доволен самиот себеси затворен во својот микро-свет, туку сега е граѓанин на светот, отворен кон сите култури, традиции и индивидуалности во интеракција. (што не значи дека „изолираниот уметник” е мртов - бидејќи уметноста сепак е осаменичка работа, а мејл-артот само разгорува некои стари жарчиња за односот меѓу уметникот и светот - туку само зборуваме за доминантни модели, како во животот така и во уметноста, како во комуникацијата така и во творештвото, сè повеќе разбирајќи дека сето тоа е исто и дека она страшно осамено, тогаш, Life = Art на Дишан, денес е толку секаде-присутно што, веројатно, за некоја година, како реакција на „промискуитет носта на информацијата и уметноста” ќе се појават „Новите езотеричари” кои, како некогаш алхемичарите, ќе се обидат да сокријат, да сакрифицираат одредени зони од знаењето, иако процесот е толку залауфан што...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас не можев да се ослободам од впечатокот дека сето тоа е само шега.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Солун и сите солунски улици, пред сѐ, онаа што го дели градот на два дела, „Виа Егнатија“ - позната на сите наши граѓани, кои престојувале во овој град, по магазините и продавниците, - се преплавени од луѓе, а уште повеќе од коли, така што се чини, дека сиот град е огромна автострада и паркиралиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По подолга тишина, тој самиот почна да зборува за своите доживувања во Југославија, за местата низ коишто минавме, за тоа дека сето видено на некој чуден начин го привлекува, дека секако, под други околности, мора да се врати и дека сето тоа, местата и луѓето, е занимливо, дури убаво, но некако unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
“Ете гледаш дека сето тоа не е ништо”, ме уверуваше кога ја минавме барикадата при влезот во Книн.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но смислата на овие нејзини зборови Соколе треба да ја сфаќа веќе буден, зашто таа му мина во тој миг како проѕирна измаглица меѓу лозите, тој сега ги гледа пред себе само мирните зелени лози и гледа дека сето ова што го доживеа било само сон.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Татко му, кога ќе го сретне неговиот поглед, како да сака да му се насмевне, да му покаже дека сето си е како што било, дека еве пак сите тие учествуваат во играта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не знае старецот дека ништо стварно не руши, дека сето ова е пуста борба, руши само неколку пусти илузии, а тие и сами од себе, нечујнонезнајно за никого, ќе си умреа, како и толку други што си умреле.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој не можеше да размислува за постапките, не гледаше дека сето што го прави е непотребно, пресилено и лудо.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во него имаше мноштво идеи, okno.mk | Margina #22 [1995] 141 кои не беа ниту добро распоредени ниту селектирани; имам впечаток дека сето тоа требаше да биде прочистено и цврсто средено пред снимањето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Повеќето мои современици зборуваат дека подобро е да се умре, отколку да се биде „Црвен”, а не сметаат ниту сметале дека сето тоа се лудачки ломотења.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Насекаде има сиво.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Доказ дека сето тоа е така.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Удираш со жеголот врз каменот - а од него се будат и полетуваат искри во мракот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тој го знаеше случајот со Најда, ги слушна и пушките во Маково, та не му беше тешко да погоди дека сето тоа е нивна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таа мислеше дека сето тоа е непристојно; а и инаку не читаше книги, не беше од жените што читаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Морам да нагласам, дека сето она што порано се сфаќало како напредок и како тенденција кон комплексност, сега мора да се гледа како епицикли кои тежнеат кон проредување и состојба на поголема веројатност, кои водат во формирање на посложени облици за потоа да се вратат кон општата тенденција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Еден таков “создавач” всушност е само една “лажица на создавање” која што го вади поредокот од супата на хаосот - во било која форма - и така дејствува наспроти општата тенденција, знаејќи дека со тоа тенденцијата нема да биде победена туку само одложена и дека сето она што го работиме, сето она што сме е осудено на исчезнување во заборавот. Но зарем не е општа желба на луѓето да го уредат секој хаос? Најчесто се веруваше дека поредокот се открива.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А знаете дека сето тоа вие сте го научиле, чувствувајќи како под вашето влијание се издигнува нов човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во извесни моменти нему му се чинеше дека езерото со небото, со градот и селата, со планините и ридјето - дека сето тоа е слеано во едно цело, кое го возбудува и му го запира здивот во градите силно како поезија, музика, љубов... невозможно да се изрази и да се искаже само со одделните, определени бои и контури, што трепереа во просторот пред него...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Веројатно тој обрна внимание на тие пројави во работата на жена си кога, свесно или несвесно, му се пристори или поверува дека сето тоа секако ќе резултира со нешто одредено.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но сепак конкретната причина за тој најнеобичен и највозбудлив потфат да го напушти животот покрај реката и да се упати кон Сина Скала била средбата со непознатиот туѓинец, војникот на бел коњ, кој всушност ја повел по патот што водел кон планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И ако се погледне наназад, и внимателно ако го наслушнуваме нејзиниот глас низ тоа минато, ќе надвладее впечатокот дека сиот свој живот таа го има поминато трудејќи се да и се доближи на оваа скапоценост, небото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лошо изврзаните јазли што му пречеа на животот да ги растегне сите своите убавини можеле да ѝ пречат и на љубовта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но сепак, не верувам дека сето тоа влијаело во недореченостите што се однесуваат на твојот случај.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ви реков, деца, дека сето тоа го очекував и го предвидував.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Понекогаш мисли дека сето тоа е глупост но не е доволно јак да прекине со сето тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мисли - беџевите те прават посигурен.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не можев да верувам дека сето тоа е вистина - човек убиен заради пари!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Геј-луѓето изгледа постојано откриваат, а потоа и преоткриваат – секогаш со истата шокираност и изненаденост, со истата неочекувана вџашеност – колку тривијална работа им е гејството, колку малку им е важно, колку е безначајно во поголемиот сплет на работите, колку малку се идентификуваат со него, колку мала потреба имаат да ѝ припаѓаат на култура што се гради околу него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А за тинејџер тоа е старост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа да ви беше уште пред речиси три децении; слаткиот реганист клубџија, да преживееше, сега ќе ја имаше заминато педесеттата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако излезе дека сиве овие вечни тврдења за генерациската разлика се точни и актуелни, тогаш би излегло и дека народон што има над триесет години и што денес виси по пијано-баровите бил до пред само кратко време новата генерација што излегла од тинејџерството и не чувствувала никаква лична поврзаност со геј-идентитетот, со геј-културата и со геј-заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но мојот живот ќе трае пократко од тој ужас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ти верувам дека сиов овој ужас нема да трае долго.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се чинеше (и од размислувањата на оние со кои дискутираше овде, во шумава) дека човековата верба во сопствената слобода на одлучување (па дури и верување) е само илузија, заблуда и дека сето она што ни се случува е предодреденост, даденост, неменливост.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој самиот никогаш не рекол дека сето тоа било вистина но не им се спротивставувал на прикаските.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник со мака голтнал капка танка ракиичка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И дека сева оваа глутница што вие околу нас не ми е дојдена преку глава?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ме интересира само тоа дека сева работа со мене наполно личи на случката со Кирил.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Веројатно погодувате за каква соработка стануваше збор, едноставно стоев и не можев да сфатам дека сето ова мене ми се случуваше, ја гледав сопствената беда на само две метра од себе и ептем си го занеќив животот, верувајте ми.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Човек одеднаш станува свесен дека сето тоа муабетење на Глобалната заедница не е правено за луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Попусто беше да објаснувам дека сето тоа е една обична измислица, дека ако некаде има тишина тогаш тоа е сигурно “кај мене”, дека ни теоретски ова не може да биде точно.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иако не постоеше никаков поим за време, сепак еднаш кога времето можеше барем малку да се насети, тој беше сигурен дека сето тоа морало да трае многу долго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Правеше сѐ, што беше до него, за да ѝ помогне да совлада уште тоа, но веднаш знаеше дека сето беше протатнето и одминато во неврат, и дека се чудни дури и тие негови последни доцедувања, што сè уште беа преостанати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко знаеше добро дека сиов овој мраз ќе може да го стопи само нешто, што ќе се плисне по земјата, што ќе ја обгрне целата и што ќе ја натера самата да се разбуди, за да се отстегне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеја длабоко во себе дека сето тоа е дар на една голема љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаев дека сето ова е попусто.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кој ќе знае дека сето не е вистина?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А ти само климаш со главата, ја слушаш како последно да ти е, и ја разбираш, дека сето си го прошла, па и потешко од нејзиното а веќе го гледаш ко филмче во гравче, оловце, кафе....или во дланката.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И додавајќи дека сето тоа било точно запишано, точно како што се еден и еден два, во тефтерот Акиноски, кој тој лично не го видел но од друга слушал дека постоел, вели Шоона, не знаеле ли старите наши како што знаеме ние денешниве, кога се збратимувале да со едните де со другите, дека ако ти го извади брат окото, има да ги го извади најдлабоко што може да биде?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На оваа точка подоцна Август Рицман ќе крикне во воздух, подоцна ќе се лизне од жицата и ќе знае, иако нема да види, дека сета публика ќе го прифати неговиот крик, дека сиот циркус ќе стане само крик и ништо друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некогашните и современите писатели стануваат наредени под знамињата на своите нации, татковината на Монтењ станува против татковината на Кант, па затоа е сосем природно што еден француски студент, запрашан за препородот на националното чувство, ќе напише: „Истрезнет од занесот во кој ме фрли веќе првото читање на германските и словенските писатели, сфатив дека сето тоа е мошне убаво, но дека тоа не сум јас.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Во тоа е мојот проблем; во тоа дека сето тоа е вистина, а не филм - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сѐ уште сакав да верувам дека сето тоа е игра и забава на извртените трговци со ништо.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
За да се уверам дека сето ова не е сон, го повикав. Гласно, а и во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ќе те продадеме за дијамнти, за злато.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не дека се сомневав во нашето ново богатство, но последната ноќ со тебе ме убеди дека сето тоа дојде природно, според новиот поредок на работите, како функција на тоа кои сме и што сме.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но главната поента на Серловиот мисловен експеримент е да покаже дека сето ова е само погрешно припишување!
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не верувам дека сето тоа потраја толку бесконечни векови, но кога ми ги стави своите раце на моето лице и кога ги зеде моите во неговите, кога најпосле ги отворив очите, - јас само за малку што не крикнав.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Испитувањата откриле дека сето тоа доаѓа по несвесна постапка, во момент на силна возбуда, потпалена од лажливите гласови на духот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во тој вид раскажувачка постапка најпрво ни се сугерира впечатокот дека сето она што го читаме е автентично, дека книжевниот свет на Чинго е изграден врз претпоставката на вистинското постоење на неговиот стварен образец во самиот живот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Мислеше дека е преморен и болен од претчувства и дека сето тоа само му се причинува.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе собирате ли доброволни прилози за мене?“ Ѓаволски им ги замрси конците па квичеа и не можеа да проговорат од збунетост надевајќи се дека сето тоа нема да се заврши зло за нив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ѝ се чинеше дека сето ова е една лоша игра на двајца мангупи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не грижи се. И кога мислиш дека сиот свет е против тебе - насмевни се.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Од друга страна, постои мислење дека сето тоа што последниве години се случува во светот, всушност го означува „крајот на историјата”, или барем крајот на онаа историја што денес ја познаваме.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Така Грците тврдат дека државата Македонија всушност не постои, Бугарите ја признаваат државата, но не и словенските Македонци што живеат во неа (т.е. тие се Бугари што тоа сѐ уште не го сфатиле), а голем дел од Србите сметаат дека сето тоа всушност е само „јужна Србија”, и дека Македонците всушност се Срби изложени на бугарско влијание.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се разбира дека сето тоа ни оддалеку не е доволно нашето бавеwе со овој типографски аспект на графи~киот дел на дизајнот барем да се приближи до сериозноста со која кон овие прашаwа се пристапува во поцивилизираните земји, но, ете, се трудиме и се надеваме дека во времето кога на многу нешта кај нас (заклу~но со дизајнот на државата!) им треба ре-дизајнираwе и „гланцање”, овој прилог ќе биде од полза.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Му се чинеше дека сиот свој живот чекал да се случи тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се премисли, не ѝ кажа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Знаев дека сето тоа доаѓа од луѓе од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, кои сметаа дека полицајката работи спротивно на одредбите на Кривичниот законик.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема сакаше да ѝ каже дека сето тоа оди по налог на Шефот, но со потпис на началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ме опфати необјасниво чувство на самопрезир и вина, но и увереност дека сето тоа е безначајно: зошто беше важно што чувствува Ема, каде се движат нејзините размислувања, што е таа самата во сопствените очи, што сум јас во нејзините очи?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не би рекол дека сето тоа беше само по инерција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Валијата сигурно ќе прати абер по Нијаз-чаушот дека сето тоа било само шега, просто испробување.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Знаев дека сето тоа го правеше за да ни оставиш средена документација, мене и на синовите, знаев дека немаш уште многу време…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но, овојпат морав, немаше бегање, зошто, сепак, знаев дека сето тоа ти беше напорно, но не сакаше да го покажеш тоа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тука, мора да констатираме, дека сиве овие години законодавецот никако да воспостави некоја разумна мера во казнувањето – па, така, или казните се преблаги или, пак, спротивно – тие се престроги и не соодветствуваат на реалноста, особено кај т.н. „микро, мали или семејни бизниси“, којшто, како трговци-поединци, за своите обврски одговараат неограничено т.е. со сиот свој имот; а предвидените казни не кореспондираат ниту на целта на казнувањето – т.н. генерална и специјална превенција; • воведена е една нова група од шест т.н. „полесни прекршоци“ за кои се изрекува т.н. мандатна казна, на самото место, која ја наплатува самиот трудов инспектор – а којашто изнесува 10.000 ден. за работодавачот и 5.000 ден. за одговорното лице (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се јадосуваше таа, се јадосуваше и Дукле, помислувајќи дека сето тоа било лажна бременост, привидно изгледала дека е трудна поради дебелштината.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За забележување беше дека сиот тој народ беше муслимански -Турци и Цигани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овие отидоа до мостот и претпазливо се качи едниот на него, отиде полека до средето, но не забележа дека сиот мост се ниша.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Имав впечаток дека сето тоа беше само некаков филм.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но, исто така, ми се допадна идејата дека сето тоа и не е толку сериозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пол се обиде да ги убеди дека сето тоа ќе биде надвор од камерата, но видовме дека сѐ пропадна...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тебе сѐ ти се чини дека времето, како што велат, на волшебен начин ќе измени сѐ за нас, а јас знам дека сето тоа е само палијатив, ако не и шарлатанство.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Вчера ни се чинеше, дека сето тоа се случи толку одамна...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За да може да си претставите што тоа значи - фуга во шест гласа, доволно е да се каже дека сиот Добро наштиман клавир, што значи четириесет и осум прелудиуми и фуги, содржи само две фуги во пет гласа и ниту една во шест!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мислеше дека сето зло во неговата куќа таа му го донесе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
И ај сега некој нека ме убеди дека сето тоа не оставило последица во нашите глави.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не сакаше да им верува на очите дека сето тоа што го гледаше на малиот екран беше вистина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Навела дека уште во војната Сојузниците ветиле територијален интегритет; дека сето население во реонот е словенско, дека отаде границата, во Албанија, остануваат повеќе словенски села, отколку од оваа страна албански; дека манастирот е едно од најголемите словенски светилишта.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И точно кога сака сето тоа да се сврши, чувствува дека сето тоа тукушто почнало.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но се ловам дека сиот се отворам како узреан цвет да впијам што повеќе плач во себе. Туѓ плач.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш ќе знае дека сиот негов живот бил само едно предавство, измама, лага.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го забележав испитувачкиот поглед на Грофот, но ниту за момент не се одделуваше од везот што беше пред него на белата хартија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се сетив и на оној син коверт што го бараше цели пет минути во текот на нашиот разговор префрлајќи некои списи од рака в рака, само за да ми го покажал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сепак нешто промрморив. Реков нешто како „жалам“ и додадов дека сето тоа се случуваше надвор од моите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако оценеше дека сето нејзино внимание е сконцентрирано на Радуле и Стојна?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Гледавме само руски воени филмови. На почетокот, додека не сфативме дека сето тоа е платно, бегавме или се криевме под столовите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас бев ужаснат од Него доколку тој постоеше, и исто така ужаснат доколку не постоеше.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Си велев себеси дека сето ова е човечко расудување: дека Бог, доколку постои, мора да биде бескрајно зад безначајните проекции на моето идеализирано сфаќање за моите сопствени идеали.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Добро, се сложувам со тебе, можеби и не било сѐ токму по тој ред, како што јас си претпоставувам, но ако имало барем малку мајчинско чувство во неа, морала да постапи така, морала да се наоѓа само неколку чекори зад ќерка си.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога ја втераа колата во дворот тој немаше друго објаснување освен она, дека сето ова што сега го прави го сонувал повеќе години, дури имал намера тој да засади бостан за да може еден ден и во својот двор да втера полна кола лубеници.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и станува сосема видливо дека сепак на Пелагија попожелен ѝ бил оној Козак што ја очекувал на здоговореното место одошто родената ќерка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И вистински жалам дека сето она што се случило не се збиднало на некој поинаков начин.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Напротив, сметам дека сето време ја следела ќерка си, се прикрадувала зад неа, сакала да се увери дали Аксја ќе постапи токму онака како што била посоветувана, според напатствијата што самата ѝ ги дала...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да се рече дека сето тоа е подложно на деконструкција не значи потценување, негирање, оспорување или превозмогнување, остварување на критика на критиката (како што пишуваа критиките за Кантовата критика веднаш по нејзиното објавување), туку размислување за нејзините можности на друг начин, тргнувајќи од генеалогијата на судот, волјата, свеста или дејноста, од бинарната структура итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, како што ви реков, деконструкцијата постои, посебно деконструкциите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Само во едно не сум сигурен: еднаш пишуваше дека сето тоа чини 4,4 милиони денари, а другпат 9 милиони денари.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тито, од своја страна, кој сигурно не бил во целост запознаен со она што се случувало на територијата на Македонија, на Меклин му одговорил дека сето она што се случува во Македонија се случува без негово знаење или одобрување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Дали ова треба да значи - се вмеша Кикицас – дека сето тоа токму јас треба да го обезбедам?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И затоа обуен сум и топло облечен. - Обуен и облечен - просаска Кољо - ама со измама, а не сакаш да знаеш дека сето тоа се само солзи и болка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Другиот навод од Борхес - последниот од трите епиграфи - гласи вака: “Друга школа тврди дека сето време веќе истекло и дека нашиот живот е само сеќавање или одраз во квечерина, несомнено кривотворен и испокасапен, од еден неповратен процес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Следната (школа, тврди), дека историјата на универзумот - и во неа нашите животи и најситните поединости од нашите животи - е писмо кое го создава некој понизок бог со цел да се разбере со ѓаволот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 14
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Им ја раскажав приказната од книгата и на моите другарчиња, а тие се чудеа кога им кажав дека сето тоа е напишано во книга.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во тој момент ми се чинеше дека сиот свет ми се урива, дека исчезнува засекогаш прекрасниот сон што го сонував со месеци наназад.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ми се чинеше дека сето тоа за неа е мошне непријатно и дека се кае што дошла.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ми рече уште дека вистинската прва љубов се доживува дури во тој период, а дека сето друго се детски работи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ми се присторуваше едно чувство дека сето тоа е лага.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Едно што во целата ситуација, колку што ми изгледаше нереална и лажна, самата помисла каде се наоѓам ме извести дека сето тоа е вистина.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Знаев дека сето тоа му беше фора.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сарафов изјавил дека сето тоа било голема клевета против него205.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
214 Кога се работи за гемиџиите, доволна била една мала временска дистанца, за и оние што тешко можеле да ги заборават последиците од нивното дело ненадејно да дојдат до заклучок дека сето она, за што им биле испраќани “укори“, бледнеело пред величината на нивниот дух и пред трагиката на нивната смрт.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ви реков, деца, дека сето тоа го очекував и го предвидував.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сега внимавај што ќе ти кажам – шепна. – Кога ќе влеземе внатре, ти прави се дека сето тоа што го гледаш ти е познато, не зборувај ништо и не прашувај.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сината светлина се лелееше наоколу треперејќи и можеби поради неа ми се чинеше дека сето тоа што е исткаено на килимот се движи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си лежеше спокојно крај куќичката како ништо да не ило и, да не му беше синџирот одврзан, ќе помислев дека сето тоа што се случи сум го сонувала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога ме здогледа, радосно мавна со опашката и задоволно и длабоко воздивна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)