Така Грците тврдат дека државата Македонија всушност не постои, Бугарите ја признаваат државата, но не и словенските Македонци што живеат во неа (т.е. тие се Бугари што тоа сѐ уште не го сфатиле), а голем дел од Србите сметаат дека сето тоа всушност е само „јужна Србија”, и дека Македонците всушност се Срби изложени на бугарско влијание.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Србите можат да затрубат дека Македонците се Срби, штом не се Бугари, зашто така се викале до турското доаѓање на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Можеби, најпосле, ќе го експлоатираат Србите сето речено за изменувањето на нашето национално име за да докажат дека Македонците никогаш немале национално самосознание и не играле никаква самостојна историска улога, ами влегувале само како суров материјал во државниот организам на бугарската или на српската држава. 153 Меѓу другото, такви недоразбирања можат да се очекуваат, како од тоа што јас категорички ја осудив бугарската политика по македонската прашање, од кое можат да помислат дека јас сум бугарофоб и србофил, и со таа и од експлоататорската тактика на балканските Словени во македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По прашањето за народноста на Македонците Србите пред Македонците се придржуваа кон втората од споменатите две теории, т.е. дека Македонците се Срби, и токму затоа кај нив се добија спротивни резултати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој смета дека Македонците како литературен јазик си го имале старословенскиот – сѐ до половината на минатиот век, иако грчкиот во многу области веќе беше почнал да го заместува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
153. И во овој поглед Мисирков ја антиципира блиската реалност: професорот Ј. Цвииќ токму таа теорија ја разви во своите „научни” трудови /1904-1906/, докажувајќи дека Македонците се „флотантна маса” од која може да се измесат и „Срби“ и „Бугари“ – во зависност од тоа кој ќе ги завладее.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во коментарот се потенцира дека Македонците „формираат малцинство од околу 750 000, зборуваат словенски дијалект, којшто е нешто меѓу српскиот и бугарскиот, и живеат во делот на Југославија каде што се водеа жестоки борби во сегашниот блиц-криг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие настојуваат да добијат автономија од Србија и многу години ѝ беа непријатели на новата југословенска држава“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)