Југославија стануваше всушност жртвата на илузијата на остарениот владетел дека вечноста му е обезбедена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И пред да исчезне сосем, со последното делче од свеста се сети дека вечноста што ѝ ја вети грнчарот била само преминување од едно место на друго.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Којзнае од кај дојдоа врапчињата и којзнае што бараа токму тука, кај што истлеа Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од што може да се заклучи дека вечноста може да трае колку една молња еквивалентна на една насмевка.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)