Еден пример е новиот јапонски закон за емиграција од 1990 година, кој им ја отвори границата на неколку категории на високо квалификувани професионалци (на пр. експерти за меѓународни финансии, сметководство, медицински персонал, итн.), 64 Ibid. 49 додека во исто време влезот на „простата работна сила“ го направи илегален.65 Сето ова води до заклучок дека глобализацијата резултираше со парадоксални гранични политики: границите стануваат попропустливи за стоките и капиталот (преку договори за слободна трговија), но помалку пропустливи за протокот на луѓе (емигранти).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
„Економиите без граници“ користат строга гранична контрола за да ги држат надвор несаканите емигранти, истовремено регулирајќи ја прекуграничната циркулација на високо квалификувани професионални работници.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сеприсутната граница: безбедност, надзор и зонирање Сѐ поголем број на аналитичари денес тврдат дека глобализацијата (која генерално се карактеризира со зголемување на меѓузависноста и меѓуграничните интеракции46) ја намалува важноста на меѓународните граници како основни политички институции.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Според нив, територијалните освојувања се повлекуваат пред економската размена, на тој начин заменувајќи ги традиционалните „воени држави“ со „трговски држави“.47 Тие сметаат дека глобализација 46 На пример, Гиденс ја дефинира глобализацијата како „интензивирање ширум целиот свет на општествените одно си кои ги поврзуваат далечните локации на таков начин што локалните случувања се обликувани од настани што се случуваат многу милји далеку од нив, и обратно“. Anthony Giddens.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)