Да веруваме дека стигна до болницата. А таму лекарите ќе знаат што да прават... нашиот сосед, поп Васил, секогаш ни велеше дека Господ еднакво ги сака своите чеда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А толку многу го фалеа што мислевме дека Господ слегол на земјата. - Јеби га. Живот тече даље.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оној Исус проповедаше дека господ сите луѓе ќе ги претвори во мачки.“ Ги сфати и се смири, свесен за безизлезноста. „Господ“, рече.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чист е онолку колку што еден цртач на стрипови може најмногу да биде, а во исто време има големо јавно влијание, иако не на истото ниво како Симпсонови. !
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не можеа да поверуваат дека Господ се спуштил меѓу своите поданици. ?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Верувала дека Господ го прибрал кај себе синот нејзин, ангел го престорил, за да му служи. Нему и на Небесата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мораш да сфатиш дека Господ ти го свртил грбот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И дека Господ согрешил што светот од збор го создал, оти требал од гласови да го сочини?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Се сеќавам дека господ му ја позеде душата. Или ѓаволот - да му ја штави, да скрои опинци за ѓаволчињата.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се сеќавам кога Јаков Иконописец еднаш ја нурна главата во котле топла ракија. Бездруго се сеќавате што се случи.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остана цел живот сираче, сѐ додека не нѐ роди нас. Веруваше дека Господ не можел два пати да ја казни!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мудрецот велеше дека господ за тоа и ја создал смртта...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)