Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дознав само дека девојчето од Суботица, поточно од Домот за посвојување „Колевка“ било посвоено од некои луѓе во Белград, некој познат уредник во телевизијата и моќно и спортско семејство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да имам храброст да ги држам очите и ушите отворени кога грми, можеби полесно би разбрала за што станува збор, но што можам кога се плашам и се покривам со перница преку глава секогаш кога згрмува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еднаш и брат ми се обиде да ми објасни, па крена раце: - Ова е уште еден доказ дека девојчињата се глупави – рече и ме батали.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А што прави таму - не знам. Знам само дека девојчето е изменето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уметникот погаѓа дека девојчето има некој свој цртеж на изложбата, па ја води и мајка си да го видат како стои во оваа светла сала во центарот на градот, што многу луѓе ја посетуваат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)