Баба ми Софија Скендерова ја лажевме неколку месеци дека дедо ми е жив.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Умре една година по дедо ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Порано Бојан и не помислувал на тоа, но сега се сети дека дедо му понекогаш ќе го спомнеше тој трупец, ќе речеше дека пречи, зафаќа место, па подобро е да се извади надвор, па ако се најде јунак да го расцепи, ако не, нека изгние.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој знаеше дека дедо Иван не е без ракииче, но го знаеше и тоа дека иако стар, во убавите денови знаеше да се симне до Гогов Валог само за да ја проба петгодишната ракија на дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислеше дека дедо му не го сака веќе и затоа не му ја исполнува желбата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Толку се бев занел што воопшто не сум забележал дека дедо ми, кој седеше на столче крај огништето, веќе неколку пати ми велел да одам надвор и да донесам дрва.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Заев дека дедо ми има пари и дека ги крие...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој не беше сигурен дали Ружди знае дека дедо му е само учител, но и да знаеше, сигурно тоа не беше некоја голема разлика за него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не прочитал никој во црковните книги дека дедо му на мојот дедо живеел со мечка во пештера.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И не верувај дека ќе ме сотре натема. Рано е да се подгрбавам под клетви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако почнеше да грми силно, а бидејќи баба ми нѐ учеше дека дедо Господ кара некого кој греши, јас никогаш, до голема, не се плашев од гром, зашто мислев дека ништо не сум згрешила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Богуле го слушаше отсутно и одвај чекаше да запре со зборувањето управникот, зашто знаеше дека тука не се работи за тоа дека умрел татко му, туку телеграмата е само можност, изговор да го ослободат од училиштето и интернатот, да го пуштат наколку дена дома, како тогаш што го пуштија кога му јавија дека дедо му е на умирање.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во прво време секако треба да стигне вест во Македонија дека дедото Костадин, кој им овозможи на многумина да се вратат во дирата на дедовците, е веќе кај дедо Господ и ич да не се сакалдисува баба Петра оти на тој свет е испратен со сите почести, дури и со биење на камбана како што доликува во христијанскиот свет!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Илко се сета дека дедот Карабуклија му рече на дедот Петка, оти тоа џереме не знае друго да работа, ама за готвење (да има мавца, мевце, шеќерец и јајца), рамна во Мариово не ќе ѝ биде ни една домаќинка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но виде дека дедот поп рече домаќински и право е да му даде три лири кога веќе така евтино помина кај Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лоши јазици зборуваа по село дека дедот поп си ја припитомил снаа си кога момчето ѝ го зедоа Србите војник, но тоа си беше нивна работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто му велеше дека дедо му можеби не е виновен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Уште од првите денови по заминувањето, Тасе постојано праќаше писма и прашуваше што е со дедо му; жив ли е.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Замина сам надевајќи се дека дедо му наскоро ќе оздрави или ќе умре, па тогаш ќе си ја земе фамилијата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јас веднаш си помислив дека дедо пак ќе почне да раскажува за Америка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко уште кажуваше дека дедо често го наслушнувал дишењето на куќата, гласовите на исчезнатите од повеќе генерации.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дента, веројатно за да добијат во време додека и самите да се снајдат, ни рекоа дека ноќта ќе ја минеме кај баба Санда, и дека дедо го однеле во болница зашто ми се слошило.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Утредента моите ми соопштија дека умрел, замолувајќи ме да се погрижам за Бреза која сè уште знаеше дека дедо е в болница.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, се покажа дека дедо ѝ не е толку сенилен колку што можеше да се претпостави.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа за мене беше последниот ден во кој се ууште верував дека дедо е жив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Како да е роденден - си мислев, а потоа веднаш си спомнував дека дедо не е со нас и се растажував.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Знаев дека дедо ми некого чека да дојде и бев сигурен дека тоа ќе биде дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Авторот имаше доволно податоци заокружено да ја раскаже прикаската, но нешто му говореше дека дедо Најдо тоа подобро ќе го стори.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нели ти ми рече дека дедо ти од мала Азија се доселил во Буф, Костурско?“ „Не порекнувам“, рече Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа останала во селото и била убавица, а ти ми рече дека дедо ти бил женкар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На авторот сè му се чинеше дека дедо Најдо можеби ќе му притреба, но засега тој настојуваше што повеќе да се зближи со овие луѓе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Добровечер, кого бараш? – праша тој со строг глас, ама јас знаев од раскажувањата на брат ми дека дедо ми бил многу добар човек и воопшто не се збунив што така ме дочека.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Која си ти? – праша девојчето и застана пред него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)