И одиш така меѓу нив и гледаш дека дождот сите ги прави плачливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега беа двајца, над две чаши, додека од улица се слушаше дека дождот остава зад себе во олуците ѕвонлива трага.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пак се погледнаа, проверија уште еднаш и кога сакаа молкома да продолжат забележаа дека дождот стивнал, а воздухот околу нив станал одѕвонлив чиниш и на дишење.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)