Беше раскрстил со тоа дека езерото нема да го види, барем додека е жив, па и од таа страна Детето му дојде како утеха.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во извесни моменти нему му се чинеше дека езерото со небото, со градот и селата, со планините и ридјето - дека сето тоа е слеано во едно цело, кое го возбудува и му го запира здивот во градите силно како поезија, музика, љубов... невозможно да се изрази и да се искаже само со одделните, определени бои и контури, што трепереа во просторот пред него...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бебулињата со време да сфатат дека езерото е неспоредливо поубаво од стварноста и дека неговите бистри води се посилни од заборавот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)