Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Посебно вреди да се нагласи дека законот пропишуваше во случај кога на одреден конкурс или оглас ќе се пријави лице кое е во работен однос и лице кое е невработено, при ист број бодови, приоритет да има невра- ботеното лице (чл. 47, 48 и 60). • Правото на надоместок на трошоците за превоз и исхрана за вре- ме на стручно оспособување или преквалификација, како и исто ниво на заштита на правата како и останатите работници (чл. 19 и 73). • Правото на надоместок на трошоците за превоз и селидба за она невработено лице и членовите на неговото потесно семејство што преку органите за вработување се вработило на друго место и го про- менило местото на живеење (чл. 20). • Можноста невработеното лице да оствари право на надоместок на трошоците за превоз до организацијата на чиј конкурс или оглас учествува, како и на трошоците за прибирање на определени докумен- ти (чл. 22). • Обврската организациите да создаваат услови за вработување на инвалидни лица (чл. 65).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога еднаш ќе сфатиме дека законот за слободен пад е во согласност со геометриската прогресија затоа што тоа е една категорија на нашето мислење, можеме себе си да си ја поставиме задачата тоа да го изразиме и поинаку.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)