Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесовме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но кога во почетокот на шеесетите години, тогаш се пуштија границите и едночудо наш народ замина на печалба во Европа и низ светот, дознале дека тоа не е така, дека земјата лежи напуштена и неизорана, а дека зградите се уриваат и нема кој да ги поправи, почнале да се подготвуваат за враќање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пред крајот на 67. добивме известување дека зградата во која се наоѓаше нашата Фектори за неколку месеци ќе биде урната.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Фред се сети дека зградата беше спомената и во Скот Фисџералдовата приказна “Меј Деј”, и, што е најдобро од сѐ, комунистите навистина беа на осмиот кат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кажуваа дека зградата на амбасадата, сега југословенски имот, некогаш била гинеколошка клиника, а подоцна приспособена за сегашната дипломатска намена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знаеше што се случува! Влеговме во амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така, покрај бившиот Царски плоштад, на почетокот на Крешчатик, на местото на огромната шесткатница стои јагленисан костур.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Интересно е дека зградата ги преживеа најбурните моменти и пропадна дури откако се префрли на самофинансирање.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сигурен сум дека зградите во киберпросторот ќе бидат направени така што ќе можат да го направат истото што и Таџ Махал, а тоа е да ве заштитат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)