Го погледна секретарот Јаворов, го почувствува неговото одобрување, и гласно рече: - Товариш Ленин, на Осмиот конгрес на Советите на Русија, на 20 декември, 1920 година, рекол дека комунизмот се Советите плус електрична енергија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Потем А.А. седна. Му даде знак на Х.Х. и тој да седне, па смирено продолжи: - Треба да ви биде засекогаш јасно дека комунизмот завладеа во нашиот век и ќе продолжи сигурно и во новиот век.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)