Умееше да ти се умилкува, да те задева и да те повлекува сè додека не го добие она што го сакаше, знаејќи дека навистина не мислеле да го казнат и дека лутината во гласот била лажна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одамна знаеше дека лутината, бесот и нервозата го прават поконцентриран и посигурен во себе си.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ми се чинеше дека лутината ми е иста како онаа божјата кон народот Израелски, та помислив: ’По цел ден ги ширев рацете кон вас, непослушен и инаетлив народе!‘, и во својата горчина, тогаш за миг ве напуштив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Познавајќи ја долго време, Ѕ очекуваше дека лутината нема да ѝ помине брзо.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)