дека (сврз.) - минато (имн.)

Поради тоа и знаеме дека минатото не може да се преправа, пресоздава, и дека тоа не е за спомени, туку за возобнова на корените.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Сметаш ли ти, Винстоне, дека минатото навистина постои?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А бидејќи Партијата има целосна контрола над сите документи, исто толку целосна контрола над свеста на своето членство, тогаш произлегува дека минатото е такво какво што ќе реши Партијата да биде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас знам, се разбира, дека минатото е фалсификувано, но никогаш нема да можам да докажам, нема докази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сфаќаш ли дека минатото почнувајќи од вчера е укинато ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некогаш беше знак на лудило да се верува дека Земјата се врти околу Сонцето: денес, да се верува дека минатото е непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто, од каде знаеме дека два и два се навистина четири? Или дека функционира силата на земјината тежа? Или дека минатото е непроменливо ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во него, со ракијата, се се мешаше, настани и времиња, луѓе, вчерашни и денешни, претпоставки, спомени што повремено се рагоруваат под затлеаното срце, потсетувајќи дека минатото е залог на животот. на се и на секого се сети во таа ноќ и праша: „Каде е сега попот?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме учите дека минатото не постои, дека иднината е отворена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кутрите, уште не научиле дека минато се и сите скришни љубови, па да го постават клучното прашање за истрагата: навистина ли се само обично минато скришните љубови при толку живи бивши љубовници?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ТЕРЕЗИН ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА НА ИСТОРИЈАТА Уште пред да дојдеме овде знаевме дека минатото е такво какво што било а иднината треба да се оттргне од канџите на опасноста Среде полјаната на скршени крилја студеше јасникот како прекор од минатото како во некоја од песните на Бертолд Брехт Тука спомените имаат тапија на неизбришливост - запишани се во погледите на жртвите и се читаат без ламба, на дневната светлина на историјата При раноутринското триење на очите некои спомени стануваат музикални како вечниот шумол на јасиките крај Лаба Се навиткуваат во мислите музичките кутии од детството преполнети со нечујна музика Натежнува тишината понекогаш како прв поглед на вљубените понекогаш како проштална воздишка во темнината Тишината речиси секогаш е стартна линија на враќањето во себе обележена со ронки горчина и надеж, надеж.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Асоцијативни тези: - и по петнаесет столетија Стоби е осамено и мисли на сопствениот расцвет; -носталгијата се зголемува пред свеста дека минатото не се враќа туку се обновува во нови форми; -човекот, Стоби, човекот; -барајќи ја одново втората половина на дваесеттиот век се наоѓаме во состојба во којашто се измешани старото и новото време; -мртвите жители на Стоби се билките и тагата, урнатините што ги прават убави и живи; - Стоби живее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)