Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Иако дојдоа преоблечени во бело, иако докажуваа дека мис е пријатели, дека од Него се советувани да ми помогнат, ги познав, имаа половина лице: едну уво, едно око, една ноздра, и се движеа по правилен круг околу мене, злокрва глутница што не носи надеж и не нуди утеха.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)