И сфати дека носталгијата што сè почесто ја мачи е потребата повторно да го вкуси токму тоа чувство – вториот прв бакнеж, навестување без форсирање, божји знак дека таму има цел еден свет што полека почнува да ѝ се отвора, природен, совршено погоден само за нејзината форма.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се чини дека носталгијата има ограничен дострел кон конкретното.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)