И запаливме оган невиден, клада голема, до небо: и кога виде отец Стефан Лествичник дека огнот е добар, рече: добар е огнот и време е да се фрли нечестивиот во него. И така и би.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури отпосле, од историска дистанца, нашинците тука ќе осознаат дека огнот во високите печки на челичаните е и клада за многу надежи и дека секој оган неминовно завршува како пепел.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Но, само ако ветиш дека огнот ќе го одржуваш постојано.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Никој не објасни дека огнот се шири и преку решетки, ниту зошто во градските трафики повеќе не може да се купат запалки.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кажуваше Филозофот собитија чудесни уште многу, а јас го слушав со уста подзината, со очи ококорени, со душа возљубена по ука; говореше дека таа топлина и самиот веќе може да ја почувствува, иако не толку јасно како слепецот од Кападокија; говореше дека огнот е праизвор на писмото, како што сонцето е извор на денот, исток негов; говореше дека огнот е и утока на писмото, крај негов, оти секое писмо во оган се претвора; книгите горат затоа што во нив има букви, и топлина огромна; оти не можеш да запалиш нешто во што топлина веќе нема, како што е тоа со каменот или водата; затоа што е потешко да запалиш камен одошто дрво и хартија; но и каменот, велеше може да согори ако на него се забележи писмо топло, и доказ за тоа се ѕвездите опашести; говореше дека сѐ на овој свет е писмо, дека целиот свет е книга; говореше чудесни нешта а јас го слушав и толку се занесов што не забележав кога вратата се отвори и влезе отец Стефан Лествичник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И, дека огнот качен, само штогоде да зборам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)