Со тој договор било зацртано дека односите на Министерството за надворешни работи во неутралните земји се од највисок интерес и дека мора да се бара дозвола од Форин Офис за делување на СОЕ во овие земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Некои велат дека односот меѓу бројот на оние што земаат екстази и оние кои умираат од неа не е поголем од односот на фаталните алергични реакции предизвикани од легитимните лекарства.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Прекина, се искашла во дланката, со погледот ја измери целата карта и продолжи: - Ако сакаме да ги споредиме силите на непријателските бригади со нашите, треба да истакнеме дека односот е еден спрема десет.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мислам, значи, дека односот меѓу мислењето и науката не е така хетероген и нескладен, како што Хајдегер постојано тврди.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Изгледаше дека односот на некои литерарни кругови кон Beat генерацијата беше ист како односот на извесни офицери на мојот брод кон Elvis Presley.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
[Следува дека односот помеѓу конструктите не може да се разгледува со помош на бинарната логика]; да се користи бинарната логика всушност значи да се исфрли третиот [генерички] поим, позадинската генеричка природа и да се третира биполарниот контраст како тој да може да се појави и да има значење и во изолација.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Има причини да се верува дека односот на Гарванов кон гемиџиите бил определен повеќе од вториот, личниот момент.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Елена мислеше дека односите со мажот Марија си ги средила и затоа не ја побара.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Многу време е поминато од моите детски години, многу нешта се изменети, ама ми се чини дека односот дете-пари не е изменет.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)